Home Спорт Готово: Обамејанг се договори – 14 милиони по сезона!

Готово: Обамејанг се договори – 14 милиони по сезона!

Пјер Емерик Обамејанг, најверојатно на крајот од оваа сезона ќе ја напушти Борусија Дортмунд, а еминентниот „Билд“ пренесува дека напаѓачот е на чекор до трансфер во ПСЖ.

Менаџерот на Обамејанг веќе ја договорил сумата за годишна плата со ПСЖ во износ од 14 милиони евра, а човекот кој успеал да го наговори да дојде во ПСЖ е Патрик Клајверт кој постојано бил во контакт со агентот на фудбалерот.

Она што е најголемиот проблем во овој момент е обештетувањето кое за него го бара Борусија Дортмунд. Засега не е постигнат договор помеѓу двете екипи бидејќи Борусија ќе сака да го извлече максимумот за својот најдобар играч.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…