Home Спорт Готово: Бруно Фернандеш пристигнува на „Олд Трафорд“

Готово: Бруно Фернандеш пристигнува на „Олд Трафорд“

Ѕвездата на Спортинг Лисабон и португалски репрезентативец, Бруно Фернандеш ќе биде новото засилување на Манчестер Јунајтед, откако двата клуба постигнаа комплетен договор.

Фернандеш отпатува за Англија каде треба да ги мине лекарските прегледи и да го комплетира трансферот во Манчестер Јунајтед.

Двата клуба долго време беа во преговори и на крај си пуштија рака за трансфер вреден 62 милиони фунти.

Фернандеш минатата година одигра прекрасна сезона со 32 постигнати голови и 18 асистенции, така што не е ни чудо што офанзивецот на Спортинг беше една од трите желби на тренерот Оле Гунар Солскјер.

Но, португалскиот репрезентативец нема да биде единственото засилување во Олд Трафорд, бидејќи се очекува да пристигне Милинковиќ-Савиќ, а доаѓањето на овие двајца најверојатно ќе значи заминување на Пол Погба.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…