Home Шоубизнис Горан Драгиќ го „хејтаа“ поради честитање православен Божиќ – им врати со стил

Горан Драгиќ го „хејтаа“ поради честитање православен Божиќ – им врати со стил

Еден од најдобрите словенски кошаркари на денешницата и играч во најдобата лига на светот, НБА, славниот Горан Драгиќ на Твитер објави фотографија од неговото семејно чествување на православен Божиќ, која на некои поединци им засмета, па почнаа да го провоцираат и зајадливо му коментираа на истата.

„Мир Божји, Христос се роди“, напиша кошаркарот на Miami Heats, а некои веднаш му фатија кусур што честита православен Божиќ, а не честитал католички, како и тоа што го напишал на кирилично писмо.

„А дали си ти Словенец?“, се обиде да го испровоцира со зајадлив коментар еден „твитерџија“. „Словенец сум, со православна вероисповед. На денешниот ден ти посакувам мир во душата и радост во срцето“, со стил и во најблагороден манир му порача Драгиќ.

„Браво, честитам…на такви луѓе нема потреба ништо да им се објаснува, а честитам и што на таквата некултура, необразованост, непросветленост, нечовечност, возврати со човечност…браво господине“, „Можеш да бидеш Словенец, Србин или како и да се чувствуваш. Едно е важно, голем играч си, а уште поголем човек“, беа дел од коментарите од воодушевените обожаватели на Драгиќ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Милена Поповиќ и Игор Јуриќ открија нешто за што долго молчеа – лекот бил пред нивните очи

Врската на Милена Поповиќ и Игор Јуриќ е сериозна од првиот ден Врската на Милена Поповиќ …