Google ќе ги „чешла“ сите огласувачи на нивната „он-лајн“ платформа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Технолошкиот гигант Google објави дека сите огласувачи на својата „он-лајн“ платформа, почнувајќи од ова лето, ќе треба да поминат низ процес на верификација пред да купат простор за да го направат тој дел од нивниот бизнис потранспарентен.

Kлиентите за реклами ќе треба да обезбедат лични информации и документи за компанијата што ќе докаже кои се и во која земја работат, објави Google во блог-пост.

Досега, Google барал проверка на идентитетот само за политичките огласувачи кои рекламираат изборни кампањи на нејзината платформа.

Процесот на верификација често се користи за филтрирање на сомнителни рекламни огласи, како на пример оние кои продавале лажни медицински заштитни маски за време на пандемијата на коронавирус.

Компанијата најави дека ќе започне со проверка на огласувачите во фази, најпрво во САД, а потоа ќе продолжи да ја проширува практиката на глобално ниво и дека очекува да бидат потребни неколку години за да се заврши процесот.

Google соопшти дека корисниците ќе можат да ги видат информациите за огласувачите чии реклами се објавуваат почнувајќи ова лето.