Голем клуб, домаќини со две срца: Каде ќе преспијат навивачите од Монако? Нема проблем!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дортмунд се најде во епицентарот на лудилото кога со експлозивна направа беше нападнат автобусот на играчите од Борусија. Сета среќа, нападот помина без човечки жртви, а германскиот клуб мораше да се позанимава со работи кои немаат врска со фудбалот.

Кога се смири ситуацијата и кога беше донесена одлука за одложување на натпреварот, клубот од Вестфален покажа колку му се важни него навивачите. Гостинските навивачи останаа на стадионот од безбедносни причини, а Борусија експресно реагираше и се позанимава со гостите.

Со оглед дека натпреварот беше одложен за денес, многу навивачи од Монако кои резервираа ноќевање само за вчера вечер или планираа после дуелот веднаш да се вратата во Франција, се најдоа во проблеми.

Но, Борусија покажа величина и широкоградоство домаќинската политика. На Твитер беше иницирана акција со порака „Кревет за гостинските навивачи“, каде навивачите од Монако можеа да се пријават за ноќевање кое многумина од домашните навивачи веднаш им го понудија и тоа бесплатно.

Голем клуб, вистински џентлмени од навивачи, срдечни домаќини – нема што.