Home Спорт Голем инцидент на ватероло меч: Судијата фрлен во базен! (видео)

Голем инцидент на ватероло меч: Судијата фрлен во базен! (видео)

Голем инцидент се случи во Нови Сад на дерби мечот од втората регионална ватерполо лига помеѓу Војводина и Црвена Звезда.

Војводина на 29 секунди пред крајот за првпат дојде во водство од 7:6, но Црвена Звезда во последните секунди стигна до израмнување.

Претходно судијата исклучи еден играч на домашните, што предизвика гнев кај публиката, па еден навивач на домашниот тим го турна судијата Марко Матијевиќ во базенот.

Натпреварот најверојатно ќе биде регистриран како службена победа за Црвена Звезда.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…