Home Спорт Ѓоковиќ се огласи после операцијата: Се надевам дека ќе се вратам наскоро!

Ѓоковиќ се огласи после операцијата: Се надевам дека ќе се вратам наскоро!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ потврди дека имал операција на лакотот, но очекува да закрепне и брзо да се врати на тениските терени.

Тој подолг период се мачеше со повредата, а по настапот на Австралија Опен се реши да изврши хируршки зафат.

„Ви должам некои вести за моето опоравување. Се борам со оваа повреда веќе две години и за тој период бев кај многу доктори. Имаа различни мислења, дијагнози и предлози. Не ми беше лесно да одберам по кој пат да одам. Шест месеци од минатата сезона се надевав дека ќе се опоравам потполно, но за жал и понатаму чувствувам болка“, вели Ѓоковиќ.

„Ми недостига натпреварувањето, тоа е во мојата крв и морав да се обидам да го прескокнам Мелбурн. Но, сега со мојот тим се договорив дека ќе се обидам со други методи по Австралија Опен и пред неколку дена се решив да направам мала медицинска интервенција на лакотот. Ми делува дека сум на добар пат кон потполно опоравување. Позитивен сум и возбуден и се надевам дека ќе се вратам наскоро на теренот. Ви благодарам на сите што ме бодрите“, им порача Србинот на своите фанови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…