Home Шоубизнис ГО РАСТУРИ ВИВАЛДИ НА ШУПЕЛКА!

ГО РАСТУРИ ВИВАЛДИ НА ШУПЕЛКА!

Морис Стегер е швајцарски музичар од светот на класичната музика кој е специјалист и виртуоз за свирење на музички инструмент кој англичаните го викаат recorder (или флејта со вградено свирче), русите блокфлејта, а ние го викаме шупелка.

Стегер е светски познат инструменталист кој го викаат „Паганини на шупелката“, поради неговата виртуозност при изведбите на партиите за овој инструмент кои се напишани од страна на многу прочуени композитори од доменот на класичната музика.

За да се уверите во неговата виртуозност и импресивна изведба – ислушајте го и изгледајте го видеото на кое тој солира при изведбата на „Концерт за шупелка РВ 443“ од Антонио Вивалди.

Стегер е најпознат по импресивните изведби на музичките дела од барокниот период и композиторите од тој класичен музички правец.

Исто како Вивалди, подеднакво добро го „растура“ и Јохан Себастијан Бах.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…