Home Шоубизнис Го надмина мегапопуларниот „Frozen“: Овој е најуспешниот анимиран филм на сите времиња

Го надмина мегапопуларниот „Frozen“: Овој е најуспешниот анимиран филм на сите времиња

Новото издание на Дизниевиот хит „The Lion King“ официјално стана најуспешен анимиран филм на сите времиња, пренесува Cinema Blend.

Се вкупна заработка од 1,3 милијарди долари, „The Lion King“ успеа да го симне од тронот по заработка и мегапопуларниот „Frozen“, кој исто така потекнува од анимираната продукција на Дизни и имаше заработка од 1,2 милијарди долари.

И додека многумина издржано ќе се побунат дека новото, модерно издание на „The Lion King“ не може да се смета и да се нарече анимиран филм во буквална смисла на зборот, тоа „фотореалистично“ компјутерско-анимирано дело е и најуспешниот Дизни „римејк“ на сите времиња – факт со кој мора да се помират и оние кои не го сметаат за анимиран филм.

„The Lion King“ е рекордер и во заработка дури и ако го сметате за „live-action“, бидејќи по заработка го надмина и „The Beauty And The Beast“, кој досега беше на тронот од оваа категорија на филмови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …