Home Вебкафе Го „куцнале“ 2 евра за еспресо, па ги пријавил во полиција – кафулето добило казна од 1.000 евра

Го „куцнале“ 2 евра за еспресо, па ги пријавил во полиција – кафулето добило казна од 1.000 евра

Изреволтиран муштерија кому во фирентинското кафуле Ditta Artigianale му наплатиле две евра за еспресо без кофеин, го пријавил случајот во полиција со жалба дека цената не била јасно истакната на пултот.

Оваа грешка сопствениците на кафулето ги чинеше 1.000 евра казна за локалот кој е познат по доброто кафе и по освоени награди, пренесува „Гардијан“.

Газдата на локалот, Франческо Санапо, луто ја коментирал казната на социјалните мрежи и го бранел кафето што го нудат, а кое доаѓа од мала плантажа во Мексико и „со големо внимание го подготвуваат неговите баристи“.

– Ме казнија затоа што некој се навреди што платил две евра за кафе. Дали ви се верува? Денес секој може да се изнервира и да ја мобилизира полицијата која ќе не казни за застарениот закон – изјави Санапо, држејќи ја казната од полицијата.

Во Италија просечната цена на еспресото е едно евро, иако повеќето кафулиња и барови неодамна ги зголемија цените поради проблеми со снабдувањето и повисоките цени на кафето.

Групите за заштита на потрошувачите предупредија дека просечната цена на еспресото оваа година би можела да порасне до 1,5 евра, пишува „Гардијан“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Дали знаевте дека старееме во три фази? Нова студија открива: сè се менува на 34, 60 и 78 години!

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА ВСУШНОСТ СТАРЕЕМЕ ВО ТРИ ФАЗИ? НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ ВЕЛИ: КЛУЧНИТЕ ПРЕСВРТИ С…