Home Спорт Главниот спонзор на „нероаѕурите“ ја раздрма Италија: Зошто да не Меси во Интер?

Главниот спонзор на „нероаѕурите“ ја раздрма Италија: Зошто да не Меси во Интер?

Сопственикот на „Пирели“ и главен спонзор на милански Интер во интервју за „Тутоспорт“ лансираше вистинска „бомба“ со која ја разбранува фудбалската јавност на Апенините.

Тронкети Провера покрај тоа што е еден од главните спонзори на Интер, тој е дел и од упртавниот одбор на клубот, па јавно посочи дека еден ден сака да го види Меси на „Џузепе Меаца“.

„Се надевам дека штом ќе дозволи финансискиот ферплеј, Сунинг ќе може да направи голем трансфер. Меси? Како можете да му речете не на Меси? Кој знае, можеби еден ден“, изјави Провера.

Иако ова звучи како „невозможна мисија“ неодамнешниот трансфер на Роналдо во Јувентус ни потврди дека на трансфер пазарот се е можно.

„Трансферот на Роналдо е добар за целиот италијански фудбал. Се надевам дека Интер набрзо може да дојде до тоа ниво да прави такви трансфери. Меѓутоа, со Роналдо во тимот Јувентус изгледа непобедливо“, заклучи Провера.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…