Ја откачи секси водителката за да може раат да игра Call of Duty


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Славниот YouTube лик Даглас „FaZe Censor“ Мартин живее(ше) живот за каков сонуваат многумина припадници на погрубиот пол. Беше во врска со „најсекси временската прогнозерка“, Јанет Гарсија, чиј секси задник ги полнеше и уште ги полни „жешките“ рубрики од светските медиуми, а се забавуваше играјќи Call of Duty.

Но, Даглас наводно се нашол во конфронтација со својот порив и потреба за играње на споменатата игра и за Јанет, истовремено, па одлучил да ја откачи сексапилната убавица и „full-time“ да се посвети на „заразната“ игра.

Во петокот, на нејзиниот Твитер профил, Јанет кратко напиша дека нејзиното срце е скршено, после што 23-годишниот Даглас сними десетминутно видео на кое објаснува зошто ја оставил моментално една од најсексапилните популарни девојки на светот.

„Јанет и јас веќе не сме во врска, таа е супер девојка и заслужува сè најдобро. Прекрасна е и паметна е, навистина е супер. Знам дека ова звучи чудно, но мислам дека направив добар потег“, вели тој.

Додава дека поради неа пред три години отпатувал од Њујорк во Мексико, после што се вратија во „Големото јаболко“, каде живееја заедно. Тврди дека сè се променило кога Јанет одлучила да се врати во Мексико и да гради манекенска, актерска и водителска кариера.

„Ја поддржав нејзината одлука, сакаше да биде супермодел и актерка, што е супер, нека го следи својот сон, животот е прекраток. Јас сега играм Call of Duty цело време, а сакав таа да ја искористи својата шанса. Не мислев дека ќе биде олку тешко“, додава дечкото.

Како што објаснува, сега не може да биде во љубовна врска на дистанца, бидејќи има многу повеќе обврски околу компјутерските игри.

„Потпишав договор, тоа е кариерата која ја посакувам. Сакам да станам светски првак, сè што сакам е да се натпреварувам во Call of Duty, бидејќи тоа ми се допаѓа, ќе направам сè да станам првак“, продолжува „јутјуберот“.

„Денот има 24 часа и немав време за сè“, додава на крајот.