Главниот спонзор на Јунајтед го носи Нејмар на „Олд Трафорд”!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед оваа сезона е второпласирана екипа и заостанува зад градскиот ривал Сити огромни 15 бодови. Иако оваа сезона веројатно е изгубена Јунајтед со помош на главниот спонзор би можел следната година да тргне по големо засилување.

Имено, американскиот „Шевролет“ со задоволство би го видел Нејмар во дресот на Манчестер Јунајтед бидејќи според нивни мислење „црвените ѓаволи“ во овој момент немаат фудбалер кој привлекува големо медиумско внимание.

Требаше тоа да биде Погба кога за 105 милиони евра премина од Јувентус во Манчестер Јунајтед, но сепак Французинот не ги донесе очекуваните резултати. Златан Ибрахимовиќ најверојатно ќе заврши во МЛС лигата, а прашање е дали Алексис Санчез ќе ја одигра својата улога.

Овој произведувач на авомобили верува дека доведувањето на Нејмар би имало големо значење на европскиот и азискиот пазар.

Од ваков расплет најсреќен веројатно би бил Жозе Мурињо кој се обидуваше да го доведе Бразилецот уште доодека беше тренер на Реал Мадрид, но прашање е како Нејмар со својот стил на игра би се вклопил во тимот на Жозе и фудбалот во Премиер лигата.