Home Актуелно Германските обвинители отворија истрага за саботираниот Северен тек

Германските обвинители отворија истрага за саботираниот Северен тек

Германски обвинители отворија истрага во врска со експлозиите на гасоводот преку кој рускиот гас доаѓаше до Германија под Балтичкото Море, пишува Асошиејтед прес.

Германски сојузни обвинители, кои ги истражуваат случаите поврзани со националната безбедност, соопштија дека отвориле истрага против непознати лица поради сомнеж за намерно предизвикување експлозија и противуставна саботажа.

Обвинителите соопштија дека постојат доволно докази дека цевководите се оштетени со најмалку две намерни детонации, а целта на нивната истрага е да се помогне во откривање на извршителот, како и можниот мотив.

Германската истрага се надоврзува на истрагата во Шведска. Тамошен обвинител кажа минатата недела дека собираат докази. Германските сојузни обвинители кажаа дека причина за отворањето на истрагата е можното влијание на безбедноста во Германија.

Рускиот претседател Владимир Путин го обвини Западот за нападот на гасоводите, што Вашингтон и нивните сателити го демантираа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…