Германија повторно го подигнува Берлинскиот Ѕид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Затворена зона, обвиена со бетонски ѕид, која потполно личи на Берлинскиот ѕид, повторно ќе биде подигната на есен во престолнината на Германија, во пресрет на одбележувањето на 30. годишнината од обединувањето на Берлин.

Во рамки на оваа атракција која ќе биде отворена четири недели, до 9. ноември, Денот на обединувањето на германската престолнина ќе биде создадена паралелна реалност, „Источен Берлин од времето на СССР“.

Организаторите на фестивалот „Берлин фешпиле“ се сигурни дека нивната идеја ќе привлече голем број на посетители. Меѓутоа, општина Берлин зсега не дава одобрение за тој проект.

Како што јавува „Дојче Веле“, советскиот „Дизниленд“ ќе чини 6,6 милиони евра, додека парите ќе ги даде, британскиот фонд, „Феномен труст“.

Најефтината карта ќе чини 15 евра.