Home Актуелно Германија ги олабавува мерките за влез на македонските граѓани

Германија ги олабавува мерките за влез на македонските граѓани

Македонија од утре нема да се наоѓа на германската листа на ризични земји поради Ковид-19. За македонските граѓани кои ќе патуваат во Германија, повеќе нема да важат строгите ограничувања поради коронавирусот, пренесува Дојче Веле.

Германија од „црвената листа“ на ризични земји поради коронавирусот од недела 13. јуни ќе ја отстрани Македонија, како и други земји од Западен Балкан, соопшти вчера германскиот институт Роберт Кох (РКИ)

Од овој момент за влез во Германија по копнен пат за македонските граѓани нема да важат обврските за дигитална пријава на патувањето, за негативен ПЦР-тест, како и за карантин.

Оние, пак, кои со авион пристигнуваат на некој германски аеродром меѓутоа и натаму ќе мора да имаат потврда за негативен ПЦР-тест или потврда за прележан Ковид-19 или потврда за целосна вакцинација пред поаѓањето, се наведува во извештајот на Институтот Роберт Кох (РКИ).

Поради опаѓачкиот број на нови случаи со инфекција со коронавирусот, РКИ, од листата на ризични земји отстранува повеќе земји, меѓу кои и Австрија, САД, Канада, Ерменија, Азербеџан, Канада, Либан, Молдавија, Украина и Кипар.

Покрај Македонија, од Западен Балкан, како ризични земји повеќе нема да се третираат и Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.

Прогласувањето на Македонија, и останатите земји од Западен Балкан за неризични, од страна на РКИ, ќе има влијание и на останатите држави во ЕУ, односно, на Австрија, која одлучи своите правила за влез во земјата да ги одредува врз основа на листата на германскиот институт.

[contact-form][contact-field label=”Name” type=”name” required=”true” /][contact-field label=”Email” type=”email” required=”true” /][contact-field label=”Website” type=”url” /][contact-field label=”Message” type=”textarea” /][/contact-form]
Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…