Home Спорт Германецот Крафт победник во Оберсдорф – прва од новогодишните „Четири скокалници“

Германецот Крафт победник во Оберсдорф – прва од новогодишните „Четири скокалници“

Австриецот, Штефан Крафт е победник на првиот натпревар од 65-тото издание на новогодишна турнеја „Четири скокалници“.

Крафт со скоковите од 139 метри во првата и 134,5 метри во втората серија заработи највисоки оценки од судиите на натпреварите кои се одржаа на скокалницата во германскиот ски-центар Оберсдорф.

Зад Австриецот, на второто место се пласира Камил Штохл од Полска со скоковите од 137 и 135 метри, додека третото место му припадна на Михаел Хајбоек од Австрија кој имаше скокови од 135 и 133 метри.

Најдобрите ски-скокачи веќе утре се селат во Гармиш-Партенкирхен, каде традиционално на првиот ден во новата година ќе се одржат натпреварите на оваа скокалница.

Потсетување дека по настапите во Германија, турнејата продолжува во австриските ски-центри Инсбрук ( на 4 јануари) и Бишофсхофен ( на 6 јануари).

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…