Home Актуелно Георгиевски, Бошкоски и Ангелов ја формираа коалицијата ВМРО за Македонија

Георгиевски, Бошкоски и Ангелов ја формираа коалицијата ВМРО за Македонија

Коалицијата ВМРО за Македонија создадена од ВМРО-Народна партија, Достоинство и Обединети за Македонија е, како што се промовираше, трета опција на македонската политичка сцена.

Тројцата претседатели, Љубчо Георгиевски, Стојанче Ангелов и Љубе Бошкоски, денеска потпишаа договор за коалицирање и ги повикаа сите слободноумни граѓани да им се придружат во борбата за соборување на сегашниот режим и за изграба на нова, демократска и економски просперитетна Македонија.

За шеф на Изборниот штаб на ВМРО за Македонија беше промовиран Ден Дончев кој потенцираше дека основни определби на коалицијата се демократизација на општеството, враќање на вледеењето на правото, економски напредок, влез во ЕУ, пораз на дискредитираното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и враќање на достоинството на старото автентично членство кое целосно беше згазено од ова раководство.

Вчитај повеќе поврзани статии

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…