Home Актуелно Генерално облачен четврток

Генерално облачен четврток

Денеска, четврток, 15. декември, во Македонија во утринските часови ќе има појава на локален дожд во западните делови, а во текот на денот променливо облачно и особено претпладне со појава на магла и ниска облачност во дел од котлините. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје во раните утринските часови со услови за слаб дожд, во текот на денот облачно и со појава на магла поизразена претпладне. Дневните температури ќе достигнат во Скопје 9 Целзиусови степени, Маврово 7, Охрод 14, Битола 15, Крива Паланка 9. Берово 7, Кавадарци 11, Дојран 14.

Утре претпладне ќе има услови за магла и ниска облачност по котлините. Во текот на денот малку до умерено облачно со сончеви периоди и топло за овој дел од годината. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец најизразен вдолж Повардарието. Дневните температури ќе се движат од 9 до 18 степени.

Во Скопје во утринските часови со услови за појава на магла, а попладне со сончеви периоди и мала облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

КПХФВ: Уличниот стил во Копенхаген ја обликуваше и обои радоста

Вистина е дека, со целиот хип околу Париската недела на висока мода, Копенхаген можеби ост…