Home Вебкафе Газда на суши ресторан за „рипчево“ искешира 3 милиони долари

Газда на суши ресторан за „рипчево“ искешира 3 милиони долари

На токискиот рибен пазар Тојос, црвена туна од 278 килограми достигна цена од 3 милиони долари кои ги искешира сопственик на суши ресторан.

На аукцијата на пазарот црвената туна тешка 278 килограми била продадена за рекордна сума од 3 милиони долари.

Туната ја купил Кијоши Кимура, сопственикот на суши ресторанот „Суши Занмај“. Рибата била уловена кај градот Аомори, на северот на Јапонија.

Јапонците инаку, се големи љубители на туна која ја јадат сирова како суши или сашима. Вакво јадење со туна во подобрите ресторани во Токио чини околу 23 евра.

Load More Related Articles
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

„Жена што не носи парфем нема иднина“

Легендарната француска модна креаторка остави белег во цела епоха и ја доближи модата и лу…