„Ѓаволскиот мост“ во Саксонија – импресивна градба која восхитува


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мостот Ракоц, лоциран во паркот „Азалеа и Рододендрон“, во Саксонија, со неговата импресивна изработка без ниту еден носечки столб и со својата магична убавина ги восхитува и воодушевува посетителите кои се шетаат во овој парк.

Изграден е во 1860 година, по налог на еден локален градски витез. Наречен е „Ѓаволски мост“, граден е без носечки столбови, двата краја се поврзани само со еден тенок лак, кој заедно со неговиот одраз во водата формира речиси совршен круг.

Токму поради тоа низ локалното население кружи верување и легенда дека мостот го градел некаков демон. Од двете страни на мостот се наоѓаат карпи.

Денеска преминувањето преку мостот Ракоц е забранетp, за истиот што подолго да остане сочуван и во што подобра состојба. На туристите не им пречи оваа забрана поради тоа што убавината и совршениот круг кој мостот ја прави треба да се гледаат од далечина.