Ганиу од ДУИ изгласан за нов градоначалник на Чаир


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Висар Ганиу и официјално е новиот градоначалник на Чаир. Тој го победи противкандидатот од БЕСА, Зеќирија Ибрахими и во прегласувањето.

Новиот градоначалник на Чаир доби поголема поддршка на избирачкото место 2901, каде вчера правото на глас го искористиле 272 гласачи, иако право на глас имаа 719 граѓани. Разликата помеѓу Ганиу и Ибрахими на ова гласачко место е 79 гласа во корист на кандидатот на ДУИ, за разлика од вториот круг, кога разликата беше 66 гласа.

Демократската унија за интеграција победата не ја прослави пред споменикот на Скендербег, како по завршувањето на вториот круг. Од таму за Телевизија 24 велат дека резултатот бил јасен уште пред прегласувањето, а сега само се потврдува волјата на гласачите.

„Демократксата унија за интеграција е победник на изборите во Чаир. Со прегласувањето, само ја зацврстивме победата“, вели Арбр Адеми – Портпарол на изборниот штаб на ДУИ.

Во меѓувреме, од БЕСА обвинуваат за заплашување, нефер и недемократски услови на прегласувањето и велат дека им е украдена победата. Кандидатот за градоначалник на Чаир, Зеќирија Ибрахими сепак ја честиташе победата на како што рече, кандидатот на СДСМ за општината.

„На почетокот сакам да му ја честитам победата на СДСМ во општина Чаир. Секако украдена победа, но ако тие и тоа го сметаат за победа, ние им ја честитаме. Сакам да укажам жалење за тие граѓани кои денеска беа ставени во домашен притвор од партиските мангупи“, вели Зеќирија Ибрахими

Вкупната разлика во Чаир сега е 347 гласа во корист на Ганиу за кого гласале 13.987 гласачи. За Ибрахими пак гласале 13.641 жител на Чаир. По прегласувањето, нема промени на политичката мапа во Македонија. Демократската унија за интеграција и официјално ќе раководи со 10 општини, а БЕСА останува со само еден градоначалник.