Гај Ричи собра импресивна актерска екипа во својот нов филм „The Gentlemen“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Режисерот и сценарист Гај Ричи се враќа на жанрот и ликовите преку кои остави свој уникатен и неизбришлив печат во филмската индустрија со неговата нова акциона комедија „The Gentlemen“.

Дејството го следи американскиот иселеник Мики Пирсон (го игра оскаровецот Метју Меконахи), кој во Лондон изградил прилично профитабилна нарко-империја со препродажба на марихуана. Кога ќе се расчуе дека сака да го продаде својот бизнис, низа криминалци ќе иницираат лавина од сплетки, завери, подмитувања и уцени со надеж дека некако ќе успеат да ја преземат неговата територија.

Ричи идејата за овој филм ја добил пред речиси една деценија. Откако заедно со продуцентот Иван Аткинсон размислувале за тоа дали проектот да го претворат во ТВ серија, Ричи, сепак, се вратил на својата изворна идеја „The Gentlemen“ да биде филм за на големото платно.

„Сакав да истражувам како би изгледало да се соочат кога сосема различни англиски и американски класни системи. Ликовите во овој филм се нашле во животно доба кога магнетски ги привлекуваат квалитет и фини ствари во животот, па станале софистицирани господа во доста суровиот свет. Меѓутоа, во својата суштина, тие се закоравени криминалци кои на општествено ниво се искачиле до самиот врв. Сега се наоѓаат заробени меѓу два различни урбани света, додека копнеат по само едниот од нив. Нештата во кои сега уживаат воопшто не се совпаѓаат со работата со која се занимаваат“, објаснува Ричи.

Насловот на филмот „The Gentlemen“ укажува на нивните стремежи, но Ричи открива: „Во оваа игра нема никакви џентлмени“.

Покрај Меконахи, во актерската екипа од филмот се и Чарли Ханман, Хенри Голдинг, Мајкл Докери, Џереми Стронг, Колин Фарел и Хју Грант.