Home Вебкафе Футуристичко предавање: Холограм од професор држи предавање на колеџ во Лондон

Футуристичко предавање: Холограм од професор држи предавање на колеџ во Лондон

Лондонскио Imperial College замина еден чекор понапред во концептот и начинот на академски предавања со презентацијата на футуристичко предавање на кој професор се појавува како холограм и ги едуцира студентите.

Универзитетот има план да стане прва високообразовна установа во светот , каде ваквиот начин на предавење ќе стане вообичаена пракса. За сега ваквиот начин на настава ќе се ограничи на економскиот колеџ , додека во иднина се планира и на другите смерови.

Од колеџот велат дека овој начин на комуникација е далеку подобар отколку конференциската врска. Холограмскиот систем на настава го обезбеди канадската компанија Arht Media.

Таа е далеку поисплатлива отколку системот Pepper’s Ghost , кој го користат некои политичари , што чини и до 150.000 фунти по настан.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Дали само изгледаш „добро“ за Инстаграм? Вистината за рутината за самогрижа која никој не ја објавува

Во ерата каде што сè е естетски совршено – од утринските рутини до „мирните вечери со свеќ…