Home Вебкафе Фустанот кој лејди Ди го носеше на балот во Белата куќа продаден за 280.000 долари

Фустанот кој лејди Ди го носеше на балот во Белата куќа продаден за 280.000 долари

На гала вечерата која во 1985 година се одржа во Белата куќа во Вашингтон, принцезата Дајана се појави во специјално дизајниран фустан, во кој танцуваше со славниот холивудски актер Џон Траволта.

Сега елегантниот фустан на починатата принцеза е купен од страна на фондација која се грижи за кралската палта за сума од 280 000 долари.

Темносиниот фустанот го дизајнирал познатиот Виктор Еделстин. Фистанот на принцезата Дајана бил понуден на аукција од страна на аукциската куќа „Кери Тејлор Ошн“.

Вредноста на фустанот беше проценета од 320 750 до 384 900 долари, но откако не ја достигнал таа цена фустанот е купен од фондацијата веднаш по аукцијата.

-Продаден е по аукцијата по цена од 220 000 британски фунти. Продавачот е воодушевен и се надева дека фустанот ќе остане во Британија, навела аукциската куќа во соопштението.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…