Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во теориjата и праксата се разликуваат два вида на семеjства во однос на нивното функционирање: функционално и дисфункционално. Она што ги карактеризира функционалните семеjства е jасна комуникација, отворено емоционално изразување и заедничко решавање на проблемите.
Она што е најважно за сите семејства е да развијат флексибилна, но стабилна организациска структура за нормално функционирање. Во функционалните семејства постојат јасни правила кои се флексибилни, соодветни, но и променливи во зависност од развојните потреби на членовите. Таквата комуникација предизвикува отворено споделување на емоциите. Секоја пренесена порака покажува почитување на чувствата, потребите и разликите помеѓу членовите на семејството. Интересот за она што го прават другите е вообичаен за сите членови, но не само интерес, туку и активно учество, доколку тоа е потребно. Заедничко решавање на проблемот е способност на семејството да го препознае проблемот.
Семејството е прв и клучен фактор за развој на детето и неговата социјална и емоционална интелигенција. Децата кои растат во функционални семејства имаат поголема самодоверба, а со самото тоа и подобра слика за себе, позитивни се, знаат да прифатат и да споделат љубов. Овие деца се исполнети и нивното ментално здравје е позитивно. Несомнено децата кои растеле во едно функционално семество во иднина имаат предиспозиција да развијат здрави социјални и емоционални врски со другите луѓе.
Функционалното семејство се справува лесно со проблемите, постои меѓусебна почит на членовите, ги прифаќаат различностите, моќта е рамноправно распределена, постои јасна комуникација проследена со хумор и однос исполнет со топлина и љубов. Да не заборавиме дека семејството е едно од нај важните нешта на овој свет, тоа е место каде што се чувствуваме спокојно, исполнето и сакано.
Амина Бихорац, Институт за семејни студии
Извадок од студентското списание „VOX“