Фудбалерите на Реал Мадрид ги добија новите автомобили од Audi – еве кој што одбра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како спонзор на кралскиот фудбалски клуб Реал Мадрид, автомобилскиот гигант Audi од 2003 година наваму, традиционално, секоја сезона им дава на фудбалерите на славниот шпански клуб нови автомобили од нивните модели, по личен избор на фудбалските ѕвезди.

Поранешниот француски интернационалец, а сега тренер на екипата, Зинедин Зидан се одлучи за Audi RS3 Sportback. Истиот овој автомобил беше одбран и од Карим Бензема и Тибо Куртоа.

Дури 11 фудбалери го одбраа моделот Q7 50 TDI quattro tiptronic. Ваков автомобил ќе возат Брахим Диаз, Лука Јовиќ, Алфонсо Ареола, Маријано Диаз, Лука Модриќ, Едер Милитао, Бодриго Гоес, Карлос Касемиро, Ферланд Менди, Герет Бејл и Иско. Дани Карвахал, Лукас Васкез, Тони Крос, Хамес Родригез, Еден Хазард, Валверде и Начо Фернандез го одбраа поголемиот Q8.

Преостанатите фудбалери, Винисиус, Алваро Одриозола, Марко Асенсио и Марсело Виеира ќе возат A7 Sportback 50 TDI.

Единствен фудбалер кој одбра електричен автомобил е Рафаел Варан кој го одбра моделот e-tron 55 quattro.