Фото: Скромниот Мане го воодушеви светот


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане, е познат како скромен човек, иако повеќето фудбалери се опседнати со гламур и скапоцени материјални работи.

Веќе десетина пати светските медиуми објавуваа дека Мане во родниот Сенегал и родното село гради училиште, болница, систем за снабдување со вода…

Скромноста на Мане најдобро ја покажува неговиот мобилен телефон, кого го снимија камерите.

И покрај големата заработка, Сенегалецот користи стар мобилен телефон, кој не е ниту од најскапите, иако тоа би било ситница за него.