Облачен и студен претпоследен ден од 2019


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Предновогодишниот понеделник во Македонија носи променливо облачно и студено време со провејување на слаб снег, особено на северот од земјава. Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен северен ветер со брзина и над 50 км/час.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 2, Маврово -6, Охрид 2, Битола 1,Крива Паланка -2, Берово -1, Кавадарци 7, Дојран 6 Целзиусови степени.

Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно, попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневните температури ќе достигнат во Скопје 3, Маврово -5, Охрид 2, Битола 1, Крива Паланка 3, Берово -1, Кавадарци 4, Дојран 7.