Фото: Скромниот Канте вози „канта“!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Нголо Канте минатата сезона беше сензација, а денес е фудбалска константа. Играч без кој Челзи не би бил ваков каков што е и играч кој би го посакал секој тренер.

Меѓутоа брилјантните партии на теренот не се единственото нешто по што овој Французин се издвојува од останатиот фудбалски свет.

Денес кога фудбалските ѕвезди се продукти на PR машинерии и кога на децата им се наметнати блескави избори како Нејмар и Роналдо, Канте е сосема поинаков профил на фудбалска ѕвезда.

Додека играчите кои играат на врвно ниво возат автомобили вредни неколку стотици илјади евра и често го збогатуваат својот возен парк, Канте вози едноставен Мини Купер, кола која ја доби во Лестер, а чија цена на пазарот е околу 30.000 евра.

Поради својата скромност, и нормално поради резултатите на терен, Канте има армија фанови кои му се восхитуваат.

„Никогаш не сум бил некој кој паѓа на скапи автомобили. Мојот Мини Купер ми е одличен. Со него научив да возам по левата страна, го добив кога бев во Лестер и сеуште го возам“, изјави Канте.