Home Актуелно ФОТО: Предновогодишен концерт на класична музика во Прилеп

ФОТО: Предновогодишен концерт на класична музика во Прилеп

Синоќа во големата сала на центарот за култура „Марко Цепенков“ се одржа свечен новогодишен концерт на класична музика како дел од новогодишната богата понуда во организација на Општина Прилеп.

Дела од великаните на класичната музика: Вивалди, Хендл, Персел, Алдровандини, Офенбах, Шуберт беа изведени од академските музичари: Ана Митоска Стојаноска – сопран, Софија Никоска – виолина, Христина Никоска – пијано, Андријана Дукоска – виолончело, Ангелка Поповска – флејта, Гоце Секулоски – труба, Денис Најдоски – пијано и Катерина Попоска – мецосопран.

Прилепската публика имаше ретка можност да присуствува на ваков квалитетен концерт. Љубителите на класичната музика беа воодушевени и уживаа во избраните дела и изведби.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …