ФОТО: Дали оваа фотографија е доказ дека Џеко заминува во Челзи?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Един Џеко најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Челзи, откако Рома се согласи да го продаде во лондонскиот клуб.

Веста дека Челзи сака да го доведе Џеко ја изненади фудбалската јавност, но дека тука нешто се „готви“ го потврди и спортскиот директор на римскиот клуб, Мончи. „Сините“ веќе го договорија доаѓањето на Емерсон од Рома, но се уште се чека да завршат преговорите со Џеко за се да се официјализира.

Од Италија пристигнуваат интересни фотографии кои показжуваат дека Џеко е подготвен за пат кон Лондон. Италијанските новинари утрово успеаа да го сликаат Џеко додека ги става куферите во автомобилот и најверојатно си оди кон аеродромот.

Потсеруваме, екипата на Рома се уште се наоѓа во Милано, од каде ќе патува за Џенова, каде што утре ќе игра против Сампдорија. Сепак, изгледа дека римскиот клуб во сутрешниот натпревар нема да може да смета на Џеко, кој најверојатно повторно ќе го гледаме во Премиер лигата.