Home Спорт Фото: Атлетико јавно изрази незадоволство од судењето во дербито!

Фото: Атлетико јавно изрази незадоволство од судењето во дербито!

Арбитражата на вчерашното мадридско дерби предизвика лавина на коментари, па од Атлетико јавно го изразија незадоволството од судињето на Естрада Фернандес.

Симеоне на пресконференцијата не сакаше да го оправдува поразот со судиските одлуки, но Атлетико на својот официјален Твитер профил публикуваше три фотографии со кои покажа дека тимот бил оштетен во три клучни моменти.

„Јорганџиите“ сметаат дека пеналот во полза на Реал е досуден неправедно бидејќи стартот на Хименез над Винисиус е направен надвор од казнетиот простор.

https://twitter.com/Atleti/status/1094359416168726533

Втората слика ја илустрира ситуацијата од второто полувреме кога голот на Алваро Мората беше поништен поради офсајд. Меѓутоа на сликата со графика се гледа дека напаѓачот е во линија со Серхио Рамос.

Третата спорна ситуација според Атлетико е недосудениот пенал над Мората бидејќи сметаат дека Каземиро направил фаул над напаѓачот во казнетиот простор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…