Форумот на слободоумни патриоти: Неразбирливо е ваквото предавство на Заев!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Форумот на слободоумни патриоти кој своевремено застана против владеењето на Никола Груевски сега жестоко реагираше против договорот Заев- Ципрас. Велат дека нема да поддржат промена на Уставот, и најавија дека на најавениот референдум ќе го организираат народот со цел, ако што велат, „да се спротистави на ова големо велепредавство во режија на недоветниот Зоран Заев“.

„Форумот на слободоумни патриоти најостро го осудува однесувањето на велепредавникот Зоран Заев и неговите слуги. Основна определба на ФСП е интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и НАТО, но во никој случај нема да дозволиме виткање на кичма и полторнско однесување. Напротив, во време кога ЕУ заговара промена на моделот, т.е. бришење на правото на вето, за нас неразбирливо е ваквото предавство и полтронство на Зоран Заев.

Сакаме да му укажеме на недоветниот Заев дека треба да престане да ја сквернави Македонската историја и дејците кои животот го посветиле на Македонија. Очигледно е дека велепредавникот Заев треба да седне да прочита малку македонска историја, бидејќи ако прочитал ќе знае дека сите Македонски дејци кои вчера ги спомнуваше се бореле за самостојна, суверена и независна Македонска држава! Го повикуваме велепредавникот Заев во целост да го објави предавничкиот договор. Она што беше кажано на вчерашната конференција за новинари за нас нема никаква важност, бидејќи Заев во светски рамки е единствен пример на политикант кој своите ставови ги менува почесто од чорапите кои ги носи!“, се вели во реакцијата.