Формирање на шестиот род: До 2020 година САД ќе ги има своите вселенски сили


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Американскиот потпретседател Мајк Пенс објави планови за формирање на нов, шести род на американската војска – таканаречените „вселенски сили“. Овој американски воен род ќе биде формиран до 2020 година.

Мајк Пенс истакна дека е неопходно Америка да обезбеди доминација во вселената, поради зголемената конкуренција и зголемените закани од Кина и Русија.

„Време е да се испиши ново поглавје во историјата на нашите вооружени сили, за подготовка на следното бојно поле каде што ќе бидат повикани најдобрите и најхрабрите Американци за да го спречат и победат новиот бран закани за нашиот народ и нашата нација“, рече Пенс пред војниците во Пентагон.

„Дојде часот да основаме американски вселенски сили“, додаде тој.

Тој рече дека во тек се подготовките за овие вселенски сили да станат шести род на вооружените сили, покрај копнената војска, американската воздухопловна флота, американската морнарица, маринците и крајбрежната стража, како што во мај најави американскиот претседател, формирање на „одделни, но рамноправни“ вселенски сили.