Ford планира заштеда од 25 милијарди долари во следните пет години – еве го планот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Автомобилскиот гигант Ford во рамки на својот петгодишен план за најблиската иднина има проектирано заштеда од 25,5 милијарди долари.

За таа цел Ford планира да го намали бројот на платформи за производство на своите модели . На само пет модуларни платформи Ford има намера да ги произведува своите модели, почнувајќи од малите градски автомобили, преку кросоверите до камионетите. Од Ford, според нивните финансиски проекции, се надеваат дека овој план ќе им донесе заштеда од 25,5 милијарди долари во наредните пет години.

Според овој план, Ford на една платформа планира да ги гради возилата со заден или погон на сите четири тркала, како што се „пик-ап“ F-150, потоа Expedition, како и Mustang и Explorer, кој од 2020 преминува на RWD погон.

Следна е платформата на возила со преден или погон на сите четири тркала , како и посебна за комерцијални возила , а едно и за производство на електрични автомобили. парите од заштедата од ваквиот вид производство Ford планира да ги вложи во развој на нови возила , кои подобро би се продавале.

Своето идно производство од Ford планираат да го фокусираат на кросовери, SUV возила, камионети и комерцијални возила.