Економска војна меѓу Турција и САД: Ердоган најави блокирање на американските IT производи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, како повратен удар на санкциите кои САД ги наметнаа кон Турција, најави бојкотирање на електронските производи произведени во Америка.

„Ќе ги бојкотираме американските електронски производи, ако тие го имаат iPhone, од другата страна е Samsung. Ние исто така го имаме Venus Vestel (марка на турки брендови за мобилни телефони), кажа Ердоган на одбележувањето на 16 години од формирањето на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).

Ердоган ја предупреди Белата куќа дека оние што водеа „економска војна” против Турција ќе платат цена.

По неколкудневни падови, турската валута во вторникот закрепна и сега вредноста и изнесува 6,5 лири за американски долар.

Критикувајќи ги санкциите од САД, турскиот претседател рече дека Анкара се соочува со „економски напад”.