Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Над 400.000 жители од крајбрежните области на Јужна Каролина ги напуштија домовите, а околу 4.000 побараа засолниште поради пустошот кој го започна ураганот Флоренс во оваа американска сојузна држава.
А треба да се знае дека ураганот сè уште со полна сила не пристигнал до копното. Силното невреме проследено со ветер ги поплави улиците и предизвика прекин на електричната енергија. Властите дополнително ги загрижува тоа што шест нуклеарни централи во Северна и Јужна Каролина се наоѓаат директно на проектираното движење на ураганот.
Според американските медиуми, Северна Каролина ќе биде буквално потопена со околу 10 трилиони галони дожд во текот на следната недела.
Освен оваа држава погодени се и Нортфолк, Вирџинија и по должината на целиот источниот брег на САД. Ветерот моментално дува со 175 км на час, а ураганот се спушти на категорија 2.
Причинета е голема материјална штета, голем број градови се без електрична енергија.