Home Актуелно First Citizens ја откупува Silicon Valley Banc за 72 милијарди долари

First Citizens ја откупува Silicon Valley Banc за 72 милијарди долари

Американската банка First Citizens за сума од 72 милијарди долари ќе ги откупи преостанатите заеми и депозити на банката на Силиконската долина (SVB), која беше преземена од американските регулатори поради банкрот на почетокот на месецот.

First Citizens ќе ја преземе банката за 72 милијарди долари, минус 16,5 милијарди долари попуст, соопшти Федералната корпорација за осигурување на депозити (FDIC), пренесе Ројтерс.

Во соопштението се наведува дека FDIC ги проценува трошоците настанати како резултат на банкротот на околу 20 милијарди долари, но дека точната сума ќе се утврди подоцна кога ќе заврши стечајната постапка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…