Енергетскиот мастодон „Saudi Aramco“ си влегува во Кина


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најголемиот гигант од енергетскиот сектор во светски рамки, компанијата „Saudi Aramco“, потпиша договори со кинески партнери за изградба на модерен комплекс за преработка на нафта во провинцијата Лиаонинг, во североисточниот дел на Кина.

Проектот ќе се реализира со кинеските „North Huajin Chemical“ и „Panjin Xincheng“, објави Амин Насер, претседател и извршен директор на саудиската компанија, за време на Форумот за развој на Кина што се одржува во Пекинг.

„Гледаме голема профитабилна можност да изградиме светски водечки, интегриран преработувачки сектор во Кина, со посебен фокус на високата стапка на конверзија од течности во хемикалии како дел од нашите пошироки планови за проширување на бизнисот од течности во хемикалии. „Saudi Aramco“ сака да биде сеопфатен извор на енергија и хемикалии за долгорочната енергетска безбедност и висококвалитетниот развој на Кина, рече Насер.

Првичниот рамковен договор за рафинеријата Лиаонинг за прв пат беше потпишан за време на посетата на кралот на Саудиска Арабија Салман бин Абдулазиз на Пекинг во март 2017-та година. Во 2019-та година, „Aramco“ се согласи да основа заедничко вложување со двајца кинески партнери кога престолонаследникот Мохамед бин Салман беше во Пекинг поради она што се сметаше за значаен договор со клучниот сојузник.

Сепак, Саудијците накратко ги запреа инвестициите во рафинеријата во 2020-та година во услови на неизвесна перспектива на пазарот бидејќи заклучувањето на Кина поради Ковид-19 ја намали побарувачката за гориво.

По обновувањето на инвестициските разговори на почетокот на 2022-ра година, „Aramco“ минатиот март рече дека ќе продолжи и ќе инвестира во рафинерија на етилен со 300.000 барели на ден со „China North Group Corp.“, позната како „Norinco“, компанија-мајка на „North Huajin Chemica“ и компанијата со седиште во Пажин.

„Saudi Aramco“ го проширува својот капацитет за производство на нафта за еден милион барели дневно на 13 милиони барели до 2027-ма година и ќе го зголеми производството на гас за повеќе од 50% до 2030-та година, додавајќи уште еден милион барели дневно нафта за извоз.

Саудиската компанија исто така соработува со „Baoshan Iron & Steel Co.“ за производство на челични плочи во Саудиска Арабија со помал јаглероден отпечаток. Компанијата, исто така, потпиша писмо со намери да се приклучи на новата структура што ја формираат „Renault SA“ и „Zhejiang Geely Holding Group Co.“ во услови на напори за развој на поефикасни мотори и хибридни системи со помали емисии.