Вонземските мистерии на јапонското село Иино


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Планината Сенганмори е лоцирана во префектурата Фукушима, е покриена со мистерија. На нејзините падини се наоѓа некогаш изолираното село Иино, местенце кое изминатите 50 години е поврзано со вонземски мистерии, кои десетици илјади патници ги посетуваат секоја година за сами да се уверат во нив.

Приказната започнува во 1972 година. Сведоците пријавиле голем објект кој емитува светлина во близина на мистериозната планина Сенганмори. На 25-годишна возраст, Цугио Киношита е убеден дека видел нешто вонземско додека планинарел со пријателите.

После тоа, Киношита го посвети својот живот на истражување на неидентификувани летечки објекти.

Во годините што следеа, малиот Иино (сега интегриран со градот Фукушима) постојано прераснуваше во жариште за вонземски видувања.

Од 1992 година, розовиот музеј во облик на НЛО Фуреаикан на планината собрал и распоредил 3.000 артефакти – можни докази за вонземски живот.

Околу 30.000 луѓе секоја година одат на аџилак во музејот, околу кој жителите ја граделе својата заедница. Зборувајќи со жителите на Фукушима во 2020 година, на новинарот на Japan Forward му беше кажано: „Сенганмори не е шега. Тие (НЛО) навистина се појавуваат во таа област..“

Оние кои веруваат во него веруваат дека „мистериозната пирамидална форма на Сенганмори и силното магнетно поле во неговиот подземен дел се поврзани“, а планината, велат, делува како еден вид антена за посетителите на вселената. Само во 2022 година, тие добиле 452 извештаи за видувања во и околу Јапонија. Успеаа да потврдат дека доказите не се лажни во 149 случаи.