Штрајк на деценијата во Германија – целосно парализиран комплетниот германски сообраќај


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голем штрајк, или како што го нарекуваат и штрајк на деценијата, ја тресе Германија кој започна денеска и го парализира тамошниот сообраќај со барањето на синдикатите за зголемување на платите поради инфлацијата.

Вработените на аеродромите, железницата, во поморскиот товарен сообраќај, во компаниите за автопатиштата и локалниот сообраќај повикаа на 24-часовен прекин на работата почнувајќи од полноќ синоќа.

На предупредувачкиот штрајк повикаа два големи синдикати, Синдикатот на железничарите и вработените во сообраќајот (ЕВГ) и Синдикатот на услужните дејности Верди.

Протестите се дел од растечките социјални тензии во Германии каде од почетокот на годината се организираат сè поголеми штрајкови во училиштата, болниците, поштата.

За разлика од земји како Франција, ваков единствен протест кој ги обединува синдикатите ЕВГ и Верди со голем број членови, е исклучително ретка појава во Германија.

Овој „мегаштрајк“, како што веќе го нарекоа германските медиуми, ја погодува земјата во која цените се сериозно зголемени во последната година, а инфлацијата достигна 8,7 отсто.

Синдикатите бараат зголемување на платите за повеќе 10 отсто.

Тие бараат и подобри услови за работа за околу 2,7 милиони вработени во јавниот сектор и сообраќајните дејности. Денес почнува нова рунда преговори.

Работодавците (сојузните држави, општините, јавните фирми) предлагаат зголемување од пет отсто и две еднократни исплати од 1.000 и 1.500 евра.

Синдикатите ЕВГ и Верди очекуваат масовен одзив за штрајкот. Железницата Дојче бан реши целосно да го укине сообраќајот на големите линии, предупредувајќи дека нарушувања ќе има и на регионалните линии.

Сојузот на германски аеродроми (ДАВ) ја осуди стратегијата на ескалација на штрајковите по моделот на Франција каде со недели се протестира против реформата на правосудството.

„Подобро еден ден во Германија ништо да не се движи и потоа да се постигне прифатлива понуда, отколку тоа да не успее и потоа борбата за работничките права да се оддолжи со недели и граѓаните да бидат уште потешко погодени“, кажа претседателот на синдикатот Верди Франк Вернеке.

Анкетите покажуваат дека 55 отсто од граѓаните го поддржуваат штрајкот.

Најавено е дека тој ќе трае точно еден ден, и дека од вторник сè се враќа на старо.