Home Живот и здравје Финта која помага полесно да ја издржите диетата за слабеење

Финта која помага полесно да ја издржите диетата за слабеење

Според неодамнешната студија на холандски и португалски истражувачи, доколку за време на диетата си дозволиме на себе еден ден во неделата кога можеме да го прекршиме режимот на исхрана и да изедеме некое омилено „забрането“ јадење, поголеми се шансите дека ќе ја издржиме диетата.

Истражувачите следеле две групи на испитаници кои сакале да ја намалат телесната тежина – првите секојдневно внесувале по 1.500 калории, додека другите шест денови внесувале по 1.300 калории, а седмиот ден 2.700 калории.

Забележано е дека испитаниците од првата група полесно ја губеле мотивацијата, додека другите, бидејќи знаеле дека седмиот ден ќе можат да јадат што ќе посакаат, имале поголема волја и биле помалку подложни да се откажат од диетата.

Исто така, губењето на килограмите на двете групи било слично.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Кардамом – тајниот ароматичен бисер што го преобразува здравјето од самиот корен

Во Индија го нарекуваат крал на зачините, а остатокот од светот го третира како мал, мирис…