Home Живот и здравје Финта како помалку да „плачете“ додека сецкате кромид

Финта како помалку да „плачете“ додека сецкате кромид

Сецкањето кромид секогаш носи и (често многу) солзи, но и смирисување на облеката, косата и просторот од кои малку потешко можеме да се ослободиме.

Една од „тајните“ за што помалку да „плачете“ додека сецкате кромид лежи острината на ножот со кој сецкате. Колку е тој поостар, толку помалку солзи ќе има за време на сецкањето. Острите ножеви помалку ги оштетуваат ќелиите на кромидот, па така има помала реакција и помалку солзи.

Во продолжение и совршен рецепт со кромид – ќофтиња од кромид, кои за многумина се повкусни и од компировите ќофтиња.

Ќофтињата со кромид се многу брзи и лесни за приготвување, а притоа неверојатно вкусни. Подгответе им ги на вашите најблиски без да им ги кажувате состојките и почекајте го нивното воодушевуање! Еве како да ги приготвите.

Потребни состојки: 400 гр кромид, 100 гр моркови, 50 гр зелен лук, 3 чешниња лук, 30 гр кашкавал, 4 супени лажици пченично брашно, 2 јајца, половина кафена лажица мелен црвен пипер, половина кафена лажица оригано, сол и мелен црн пипер по ваш вкус.

Начин на подготовка: Исечете го излупениот кромид во најситна форма или сомелете го. Ситно изрендајте ги излупените моркови и додадете ги во садот со кромидот. Кон нив додадете ги и сомелените видови на лук. Кон добиената смеса, додадете ги јајцата, изренданиот кашкавал, брашното, зачините и солта и добро измешајте ги сите состојки заедно. Следно, употребувајќи лажица, одделете мали количини од добиената смеса и поставете ги во тава со претходно загреано масло, за да истите се пржат. Пржете ги ќофтињата по 2-3 минути од секоја страна.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …