Home Шоубизнис Филмски саундтрак го сруши музичкиот рекорд на Адел

Филмски саундтрак го сруши музичкиот рекорд на Адел

Музичкиот избор кој се најде како музичка позадина на филмот „The Greatest Showman“ на тронот од британската топ-листа се задржа повеќе недели од било кој музички албум во историјата на оваа топ-листа и со тоа го сруши досегашниот рекорд кој го држеше Адел.

Албумот „21“ на Адел се задржа 23 недели на првата позиција, од февруари 2011 до април 2012 година, а „The Greatest Showman“ беше 24 недели на врвот.

Албумот од мјузиклот не излезе од топ 5 во текот на целата 2018 година и ги победи конкурентите како Џастин Тимберлејк и Камила Кабелјо. Тој содржи и неколку песни што ги пеат актерите од филмот Хју Џекман, Зендаја и Мишел Вилијамс. Изминатиов период излегоа неколку преработки на песните од поп ѕвезди како Пинк и Кели Кларксон.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Милена Поповиќ и Игор Јуриќ открија нешто за што долго молчеа – лекот бил пред нивните очи

Врската на Милена Поповиќ и Игор Јуриќ е сериозна од првиот ден Врската на Милена Поповиќ …