Home Шоубизнис Филипс најави можност за снимање на продолжение на „Joker“ – но, има еден услов за тоа

Филипс најави можност за снимање на продолжение на „Joker“ – но, има еден услов за тоа

Тод Филипс, режисерот на моментално најактуелниот и најпопуларен филмски хит кој ги полни кино салите и касата од продуцентите, „Joker“, има радосна вест за обожавателите на ова филмско остварување. Во една негова изјава, тој најави дека би вредело да се сними и негово продолжение.

Иако моментално не работи на тоа, Филипс изјавил дека би се согласил на тоа само доколку во главната улога повторно се најде маестралниот Хоакин Феникс.

„Тоа не би можело да биде само див и луд филм за „Принцот на криминалот”. Би морал да има некаква тематска резонанца на сличен начин како што има првиот филм. Толку филмови ја спомнуваат искрата, но Џокер е барутот. Ако сме во состојба повторно да го направиме сето тоа во продолжение, би било многу интересно“, изјавил режисерот.

Шпекулациите за продолжение на филмот започнаа во август, а Тод тогаш изјави дека ќе направи сè за Феникс повторно да ја оствари улогата на Џокерот.

„Joker” заработи над милијарда долари и е третиот најголем филм на „DC” за стрип-јунаци, односно негативци по „Dark Knight Rises” кој заработи 1,084 милијарди долари и „Aquaman” кој заработи 1,140 милијарди долари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …