Дел од политичкиот и НВО секторот обвинители од бившо СЈО да вратат дел од парите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бившите специјални обвинители, сегашни јавни обвинители, кои беа дел од СЈО, заедно со нивната поранешна шефица и специјална обвинителка, Катица Јанева ќе треба да ги варат парите што ги земале како разни додатоци, надвор од законски рамки. Ова го бараат невладината организација Цивил, претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, ВМРО-ДПМНЕ, а државниот јавен обвинител Љубомир Јовески најави истрага за исплатата на додатоците за доверливост, пренесува Мкд.мк.

Трајанов бара конфискација на нелегално стекнатиот имот, но и политичка и морална одговоност.

„Владејачките партии да овозможат институциите да проработат. Не смее обвинители да имаат приходи од 5 до 6 илјади евра месечно, а премиер или претседател на државата 1.200 евра. Повеќе од јасно е дека сите тие што примиле пари, а знаеле дека работат надвор од општите правила и стандарди, дека за тоа треба да понесет и законска и политичка и друг тип на одговорност. Не е можно ниту Катица Јанева, ни кој било од тие јавни обвинители и понатаму да продолжат да бидат јавни обвинители затоа што делумно навлегле во корупција и криминал, без разлика дали тоа било покриено со некакви интерни правилници и одредби од Законот. Сметам дека тоа е апсолутно неприфатливо и треба да понесат одговорност“, изјави Трајанов.

Иницијатива за враќање на бонусите на обвинтелите од СЈО, најавува и невладината Цивил.

„Скандалозно е да имате такви бонуси, па не знам каква работа да вршите во општеството. Скандалозно е да имате бонуси кои произлегуваат од Буџетот на една земја во која има и луѓе кои гладуваат“, рече Џабир Дерала, раководител на Цивил.

Од новата алатка „Отворени финансии“ на Министерството за финансии произлезе дека специјалната обвинителка Катица Јанева за 4 години добила „бонус“ од 157.000 евра за да молчи што слушнала во „бомбите“. Инаку самото СЈО предвидело дека доколку вработените во СЈО ја прекршат тајноста на „бомбите“ им се заканува кривична одговорност, но и обврска да ги вратат сите пари од бонусите. Другите обвинители во СЈО вкупно заработиле помеѓу 270.000 и 290.000 евра за 4 години.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски изјави дека неговата партија бара Катица Јанева да ги врати парите на граѓаните. „Ова е класичен поткуп кој што го правел Зоран Заев кон Катица Јанева. Одговорност за сето ова мора да има и ќе има по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ по 12 април кога ќе следи обнова на Македонија и исправање на сите грешки од изминатите години кои ги направи оваа Влада на СДСМ и Заев“, изјави Арсовски.

Државниот обвинител Љубомир Јовески во изјава за неколку медиуми пред два дена најави дека Јавното обвинителство ќе ја проверува законитоста на исплатата на дополнителните додатоци за поранешната специјалната обвинителка Катица Јанева и за обвинителите од СЈО. Јовески додаде дека тие немале увид во висината на доделните бонуси.

„Исплатата на плати и надоместоци е утврдена во Законот за плати на јавните обвинители. До поставување на алатката „Отворени финасии“ висината на надоместоците и начинот на пресметување на платата и надоместоци за СЈО јавно не беа достапни, за разлика од примањата на сите други обвинители за кои на сајтот на Јавното обвинителство јавно е објавен коефициентот за исплата на плати“, посочува Јовески.

Тој најави детално испитување на сите околности и правно релевантни факти за исплата на платите и додатоците.

Премиерот Зоран Заев изјави дека случајот треба да се истражи и доколку се докажат одредени злоупотреби, да следат соодветни постапки.