Полицајки пријавиле сексуално вознемирување од надреден во скопска станица


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шест полициски службенички пријавиле раководно лице од полициска станица во Скопје со обвинување дека повеќе од една година биле сексуално вознемирувани од него и трпеле закани дека ќе го изгубат работното место. Од МВР велат дека веќе ги испитуваат сите наводи од пријавата.

Полицајките ги повикуваат сите надлежни институции да го расветлат случајот за кој биле информирани и одговорните од Независниот полициски синдикат. Синдикалците бараат заштитни мерки за полициските службенички и се сомневаат дека бројот на полицајките кои биле сексуалномалтретирани бил поголем.

Од МВР информираат дека случајот е веќе регистриран во Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди кои веќе преземаат мерки и активности за негово расчистување и строго санкционирање.