Филипче смета дека нема потреба од нови рестриктивни мерки заради појавата на омикрон сојот на коронавирусот


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека во моментов нема потреба од дополнителни рестрикции во однос на новиот јужноафрикански сој на коронавирусот.

Според Филипче, во моментов нема потреба од затворање на границите или ставање во карантин патници што доаѓаат од ризични земји затоа што, како што вели, со тоа не би се постигнал никаков ефект.

„Досега видовме дека кога некој нов сој ќе се појави едноставно не може да се спречи и да се ограничи на одредена територија. Очигледно е дека соеви ќе се појавуваат и понатаму, така што остануваме со овие мерки коишто сметаме дека се добро димензионирани“, рече Филипче.

Иако од СЗО нагласуваат дека оваа варијанта на коронавирусот е можеби и најзаразна од сите досега поради големиот број мутации, Филипче смета дека за новиот јужноафрикански сој сè уште не се знаат доволно информации за да може да се воведат дополнителни рестриктивни мерки.