Home Актуелно Филипче најави зголемување на платите во 2022 година за сите вработени во здравството

Филипче најави зголемување на платите во 2022 година за сите вработени во здравството

На денешниот состанок кој министерот за здравство д-р Венко Филипче го одржа со синдикалните здруженија на здравствените работници, беше потпишан анекс на колективниот договор според кој во годината што следува е предвидено да се реализира зголемување на платите за 5% за сите вработени во здравството.

Вкупно 600 милиони денари се издвоени за оваа намена за 2022 година.

Во изминатите 4 години оваа Влада го врати достоинството на лекарите и медицинскиот персонал. Основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%, на општите лекари за 25%, а на здравствени соработници за 15%. Платите на лекарите специјалисти некаде се дуплирани. Го корегиравме коефициентот за дежурства. На младите колеги специјализанти им овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основна плата на општ лекар.

Граѓаните заслужуваат најдобра медицинска нега, а здравствените работници достојни услови за вршење на нивната дејност.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…